Во рамки на фестивалот Охридско лето, вечерва со почеток во 21 часот во црквата Св.Софија ќе настапи познатата руска пијанистка Ана Виницкаја. Ќе изведе дела од: Р. Шуман, Ј. Брамс, Ф. Шопен.

Со своите многубројни концерти низ светот, пијанистка Ана Виницкаја стекнала углед на исклучителен пијанист. Своето образование го започнува под менторство на своите родители-пијанисти, а подоцна се запишува на Конзерваториумот „Сергеј Рахмањинов“ кај видни професори од оваа област, меѓу кои и познатиот руски пијанист – Евгениј Королиов. Како солист редовно настапува со некои од најреномираните оркестри во светот, а соработувала и со голем број еминентни диригенти. Добитник е на бројни награди на национални и интернационални натпревари, а во својата биографија впишува и повеќе награди за компакт-дисковите кои ги има издадено, меѓу кои и престижната награда „Еко Класик“ (Ецхо Классик) во 2011 година.

Влезот е слободен.

Претходно, во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20 часот, ќе се одржи проекција на македонскиот филм „До победата и по неа“, по сценарио на Симон Дракул, а во режија на Живорад Митровиќ. Снимател Мишо Самоиловски, а музиката ја компонирал Миљенко Прохаска. Премиерата била одржана во 1966 година. Продукција Вардар филм-Скопје. Влезот е слободен.

OhridNews