Вечерва во рамките на Охридско лето во катедралната црква Св. Софија свој настап ќе има младата пијанистка Илка Иштрефи.

Илка Иштрефи потекнува од Струга а своето музичко образование го стекнала на музичките академии во Тирана и Приштина.


Илка Иштрефи-десно

Во 2001 година заминала за Лондон на усовршување кај проф. Бенџамин Каплан.Настапувала во Данска, Норвешка, Италија, Израел, Јапонија, Велика Британија, САД и има  освоено многу интернационални награди.

Иштрефи вечерва ќе изведе  дела од Моцарт, Лист,Барбер и други автори. 

Јасминка Т. Момироска