Со почеток во 21 часот во црквата Св. Софија ќе настапи Квартетот виолончела „Растрели“.

Станува збор за уникатен ансамбл кој ја воодушевува публиката со нивните нетрадиционални програми.


Кира Крафцов, Кирил Тимофеев, Миша Дегтјарев и Серџо Драбкин го формираа ансаблот со мисија да изведуваат музика „помеѓу жанрови“  и нивниот широк репертоар удобно меша дела од Бах, Фрескобалди и Дворжак со дела на Џорџ Гершвин, Дејв Брубек и Чик Кореа.

Името на квартетот доаѓа од архитектот Бартоломју Растрели, кој живеел во 18-от век и го проектирал Ермитажот во Санкт-Петерсбург, кој е роден град на тројца од членовите на квартетот.

Квартетот Растрели моментално има четири аудио записи за продуцентските куќи Амфион, Тон Арт и Манчестер, како и аудио запис од 2008 со музика на Пиацола, наречен „Виолончело во Буенос Аирес“.

Ohridnews