Љубителите на духовната музика вечерва во  катедралната црква Св. Софија ќе можат да го проследат настапот на  машкиот камерен хор од Птуј, Р. Словенија, збратимен град со Охрид.

Овој хор негува црковна музика, а во Охрид доаѓа по настапот во Грција во рамките на балканската турнеја.

Концертот на машкиот камерен хор од Птуј започнува во 21 часот. Влезот е слободен.

Г.М.