„Оваа прекрасна земја никогаш нема да исчезне пред моите очи….
…тука е Рајот“
Вака познатата јапонска пооетеса, принцезата Кеико Кома ја опеа Македонија, на музичко-поетскиот перформанс што синоќа се одржа на Античкиот театар во Охрид. Поезијата на Кома беше пропратена со музика на синтисајзер од Идаки Шин, музичар и композитор со светско реноме.
Едночасовниот музичко-поетски настап исполнет со многу емоции прекрасно се вклопи во древниот амбиент на Античкиот театар. Околу 1000 охриѓани и гости од Јапонија го проследија настапот на Кеико Кома и Идаки Шин, кој беспрекорно беше организаиран.
Овие врвни уметници се надалеку познати по нивните заложби за мир и хармонија во светот, поента што провејуваше и во нивниот настап синоќа во Охрид. Музичко-поетскиот спектакл од Античкиот театар директно беше пренесуван преку интернет низ целиот свет каде Кома и Шин имаат илјадници обожаватели.
Јапонските уметници вечерва ќе настапат во катедралната црква Света Софија.
Г. Момироски