Кралицата Елизабета и Камила, сопругата на принцот Чарлс, се нашле на мета на американското списание “Globe” чија насловна страна ги шокирала британците. „Кралицата умира“. Така гласел насловот на списанието, кое тврди дека кралицата е тешко болна, и дека сопругата на нејзиниот син Чарлс планира да седне на престолот. Од написот не биле поштедени ниту принцот Вилијам и Кејт, кои биле споменати во контекст на несогласувањето меѓу кралицата и Камила.
Чарлс наводно сакал да спречи Вилијам и Кејт да дојдат до престолот. Негативните написи за кралското семејство ги шокирале британците. Иако од палатата не сакале да ги коментираат написите за здравјето на кралицата Елизабета, сепак нејзиниот распоред за настани и посети во последно време навистина е полн, па се чини дека со неа се е во ред.