Британската пејачка Ејми Вајнхаус зад себе оставила имот вреден два милиони фунти, иако во 2008 година со десет милиони фунти била на листата на најбогати британци, јавуваат британските медиуми. Ејми Вајнхаус била сопственичка на две компании, „Ceri Vestfild“ и „CW turing“, кои денес заедно вредат нешто повеќе од два милиони фунти.


Албумот на Ејми, “Back To Black”, неодамна станал најпродаван албум во Велика Британија. Албумот бил објавен во 2006 година, а бил продаден во 175 илјади примероци само откако пејачката била пронајдена мртва во нејзиниот стан во Лондон. Причината за смртта сеуште не била утврдена.