Американското списание Плејбој порано ќе го објави изданието за јануари и февруари со фотографиите на Линдзи Лохан, бидејќи снимките од холивудската актерка се појавиле на интернет, соопштил основачот на списанието Хју Хефнер.
Тој број во продажба во САД ќе биде од следната седмица, порано отколку што било предвидено. Хефнер на својот твитер налог напишал дека имајќи ги во предвид љубопитноста на читателите и сликите на интернет, порано ќе го објават бројот со Линдзи Лохан. Тој на крајот додал дека минатата седмица името на Линдзи Лохан било најбарано име на интернет.