Охридскиот испитен центар за возачи, кој ги покрива општините Охрид, Струга, Дебар и Кичево, предлага да се воведе електронско полагање на теоретскиот дел, јави МИА.

На овој начин, сметаат од Центарот, резултатите од полагањето ќе бидат пореални, а се предвидува и забрана за полагање на испитот доколку кандидатот се користи со недозволени средства при полагањето.

Охридскиот испитен центар за возачи во изминатите 12 месеци издал возачки дозволи на 1.015 лица.

Ohridnews