Пилула во стилот на виагра, наменета  за жени би можела да им помогне на милиони припаднички на понежниот пол конечно да доживеат оргазам од кој биле лишени поради најразлични причини. Истражувачите окриле супстанција која го зголемува сексуалното возбудување кај жените и со тоа ги зголемува шансите да доживеат оргазам. До сега гинеколозите, уролозите и сексолозите безуспешно трагале за одговор на фактот дека повеќе од 40 проценти од жените во одреден период на својот активен сексуален живот не успеаваат да доживеат оргазам.


Се чини дека одговор конечно пронајде научната екипа на лекари и фармаколози на светскиот произведувач на лекови ПФИЗЕР, компанија од Велика Британија, која ја пронашла и виаграта. Од бизнис причини и за да го заштитат своето откритие од компанијата не објавиле детални информации за каква супстанција се работи и како делува на организамот на жените.