Силиконскиот чип кој го направија европските научници го копира процесот на учење кој се одвива во човечкиот мозок, но работи дури сто илјади пати побрзо од него. Се надеваат дека со него ќе можат да направат многу помоќни компјутери.


Исто така овој чип содржи помал број неутрони отколку човечкиот мозок и неговиот дизајн овозможува надградба. Се смета дека чипот работи многу побрзо од мозокот и може да симулира целодневно човечко искуство.

Сепак научниците признаваат дека проектот има и свои недостатоци. Имено, во вештачкиот мозок не можат да се симулираат поедини услови во кои може да делува човечкиот мозок. На пример, нашата перцепција се менува кога мозокот е под дејство на дрога, што не може да се изведе во вештачкиот мозок. Чипот сеуште се тестира, па затоа засега нема да стане дел од нашите компјутери. Научниците планираат во наредниот период да направат супер чип со дури милијарда неутрони.