Во куќата под чиј балкон, според легендата, Ромео и изјавил љубов на саканата Јулија, наскоро ќе се одржуваат венчавки, соопштиле во петокот властите во Верона.

Идејата е дел од кампањата на Верона која настојува да го одржи статусот на романтичен град во кој англискиот писател Вилијам Шекспир го опишал дејствието на трагедијата “Ромео и Јулија“.


“Верона е ширум светот позната како град на љубовта“, рекол градоначалникот кој предложил куќата на Јулија да послужи како место за склопување на бракови. Верона планира да понуди туристички пакет кој освен венчавки ќе опфати хотелско сместување и букети. Првата венчавка во куќата е закажана за април.