Странските медиуми на големо пишуваат дека убвата актерка Скарлет Јохансон планира да се омажи за таткото на своето дете веќе следниот месец. Актерката и францускиот новинар Ромаин Дуријак така ќе се најдат пред олтар пред нивното прво дете да дојде на свет.

Медиумите пишуваат дека свадбата ќе биде за четири седмици, а забавата ја припрема славната Марта Стјуарт на имот во Ист Хемпстон каде одмараат богатите и славни њујорчани. Парот е заедно од 2012 година, верени се десет месеци, а во меѓувреме дознаа и дека ќе станат родители. Скарлет претходно била во брак со Рајан Рејнолдс, кој по неа се ожени со Блејк Лајвли.