На иницијатива на невладината организација “Анри Денан“, во Охрид наскоро ќе биде поставен споменик посветен на основачот на Црвениот крст Анри Денан.

Идеата неодамна со одлука ја подржа и Советот на општина Охрид, со што се исполнети потребните услови за отпочнување на процедурата за поставување на споменикот.

Споменикот на Анри Денан е швајцарска донација и најверојатно ќе биде поставен во центарот на градот. За помалку од една година ова ќе биде трет ново откриен споменик во Охрид, откако претходно, на кејот беше  поставен споменик на холандскиот пистаел А. Ден Долард, а на градскиот плоштад споменикот на Св. Климент Охридски – заштитникот на Охрид.


споменикот на Св.Климент Охридски