Откако Мерцедес и Мекларен пријателски се разделија, производителите ма Мекларен одлучија да се посветат на развој на нови , се разбира, спортски модели кои ќе се појават на пазарот под сопствено име.


Се работи за модели кои би им конкурирале на Ферари и Ламборџини, а се очекува да бидат претставени многу скоро. Првите продажби се очекуваат на почетокот на идната година, а нивната цена ќе изнесува меѓу 170 и 230 илјади евра.