Бронзен кип во природна големина на починатата пејачка Ејми Вајнхаус би можел наскоро да биде поставен во близина на нејзиниот стан во Лондон, пренеле британските медиуми. Родителите на пејачката околу локацијата за споменикот моментално преговарале со клубот во кој пејачката последен пат настапила со Дион Бромфилд неколку дена пред својата смрт во јули минатата година.
Таткото на пејачката, Мич Вајнхаус, рекол дека преговорите штотуку започнале и дека споменикот не би бил поставен пред 2013 година. Куќата во која пејачката живеела неодамна била ставена на продажба по цена од 4,1 милион долари.