Арнолд Шварценегер потврдил дека ќе се снима римејк на филмот „Конан Варваринот“. Актерот, кој славата ја стекнал токму со оваа улога, рекол дека ќе започне да работи на Конан откако ќе заврши со работата на еден друг проект, и дека се надева дека оригиналниот сценарист на филмот Џон Милиус ќе работи и на овој филм.

Тој за француските медиуми рекол дека овој проект му е многу драг и останува само да се види кој ќе го режира филмот и дали сценаристот ќе остане ист. Во филмот „Конан Варваринот“ од 1982 година покрај Шварценегер играле и Џејмс Ерл Џоунс и Макс Фон Сидоу.