Весникот, повикувајќи се на извори од Лотарија на Црна Гора, пишува дека состанокот на националните лотарии бил одржан во Сараево, во организација на Лотаријата на Босна и Херцеговина.
На овој проект интензивно се работи од 2007. година, по воспоставувањето на Асоцијација на лото организациите од југоисточна Европа во Љубљана.
Регионалната игра на среќа ќе биде во основа класично лото со едно извлекување неделно, но и со одредени модалитети.
Играта ќе ја организираат лотариите на Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Косово, Босна и Херцеговина и Македонија.
извор: „Макфакс“