Охридскиот панк состав KX  деновиве го заврши  снимањето на новиот музички матерјал, меѓу кој се наоѓа и песната „Охрид“, која е посветена на обновената навивачка група „Рибари“.

-Песната го следи трендот на странските навивачки бендови и се надеваме дека ќе допре до љубителите на фудбалот, велат момците од KX.

Како што најави групата, новата навивачка песна ќе биде промовирана на свирката која најверојатно ќе се одржи на 7-ми Ноември-Денот на ослободувањето на Охрид.

Ohridnews