Сниман е првиот документарен филм за култниот македонски бенд Мизар, јавува српски „Тајммашин“.

Филмот на Марко Џамбазовски, студент на филмска и тв монтажа на ФДУ Скопје, го опфаќа периодот од основањето на бендот во 1981 година, па се до 1986-та.

Како што пишува порталот, во филмот ќе се најдат до сега необјавени аудио и видео-записи на бендот, демо снимки, како и материјал кој повеќе од две децении се наоѓа во архивата на Македонската радио телевизија.

Премиерата е закажана за 27-ми април во скопското кино „Фросина“, во рамките на Скопскиот филмски фестивал.

OhridNews