Ликот на поранешниот диктатор Јосиф Сталин ќе се најде на амбалажата на еден безалкохолен пијалок кој следниот месец ќе започне да се продава на рускиот пазар. Фабриката Пивовар од Волгоград ќе започне да произведува ограничена серија пијалоци со вкус на лимон. По повод 67 годишнината од битката за Сталинград освен со ликот на Сталин, ќе бидат понудени и пијалоци со ликовите на генералот на Црвената армија Георг Зуков и Константин Рокосовски.


Директорот на фабриката Борис Изгарсев рекол дека не гледа ништо лошо во тоа што во продажба ќе пуштат пијалок со ликот на Сталин, иако историчарите го опишуваат како тиран одговорен за смртта на повеќе од милион луѓе. Сталин е почитуван во Русија поради победата на Советскиот Сојуз во Втората Светска Војна, но е и обвинет за смртта на неколку милиони луѓе кои ги испратил во воените логори.