Дизајнерот на компанијата „Најк“, тинкер Хетфилд, најавил минатата седмица дека патики кои сами се врзуваат, како оние кои во филмот „Враќање во иднината 2“ носел главниот јунак Марти Мекфлај, наскоро ќе можат да се најдат на пазарот. „Најк“ уште во 2011 година за потребите на фондацијата Мајкл Џеј Фокс, која се бави со истражување на Паркинсоновата болест, лансирал реплика на овие патики, но на 1500 пара од овие обувки кои биле продадени преку интернет, недостигал еден детал, автоматско врзување. Дваесет години откако Марти и Док тргнале по втор пат во иднината и тој проблем ќе биде решен.

Патиките со автоматски систем за врзување според Хетфилд, во продажба ќе се појават во 2015 година. Ќе бидат опремени со траки кои автоматски ќе ја затвораат и отвораат патиката, со можност за подесување на положбата на глуждот. Во „Најк“ наведуваат дека механизмот ќе се активира со едноставно притискање на копче за стартување на мотор кој го повлекува или опушта системот на жици провлечени низ патиката. Патиката во себе ќе има батерија, но сеуште не познато на кој начин ќе се полнат.