Министерството за транспорт и врски наскоро ќе објави оглас за издавање под концесија на плажи на Охридското Езеро на кои им се истечени договорите за закуп.

-Во ноември очекувам да има конкурси за оние плажи на кои им се истечени договорите, затоа што сакаме до април – мај веќе да имаме склучено договори, онаму каде што нема, но и да се отстранат сите недостаоци за подготвени да ја дочекаме туристичката сезона.-изјави министерот за транспорт, Миле Јанакиески.

Јанакиески информираше дека Комисијата за издавање на плажите извршила контрола на охридско-струшкото крајбрежје, и дека во содејство со Министерството за животна средина и просторно планирање и другите надлежни институции биле нотирани сите забелешки за плажите кои закупците ќе мора да ги отстранат.

-Oнаму каде што има забелешки истите ќе се достават на концесионерите, на кои ќе им биде даден определен рок до кога треба тие да се корегираат, -додаде Јанакиески.

OhridNews