Прелиминарната распределба беше извршена денес по електронски пат, во присуство на претставници од компаниите кои по електронски пат аплицирале за учество во распределбата.
Според оваа прелиминарна листа, автобусите на охридското АД Галеб, наскоро ќе возат и на линиите Охрид- Панчево, Охрид- Нови Сад, а ќе сообраќаат и на линијата Прилеп- Саранда.
Од Охрид предвидени се и директни линии до Хамбург преку фирмата Насир Туризам од Гостивар, до Ниш со компанијата ТА Тото и до Истанбул со превозникот Домино лине.