Од средината на месец октомври студио „Кинезио“ ќе започне со примена на нови методи на вежби и исхрана за здрав живот.
-Почнуваме со 8- месечен циклус со многу пилатес, „стречинг“ и кардио вежби со детален план на исхрана, како и едукативни часови за вежбите и начинот на исхрана.-вели Јован Каланоски од Студио „Кинезио“.
Во моментов Каланоски, кој инаку е дипломиран кинезитерапевт, се наоѓа на усовршување во САД со акцент на зацврстување и обликување на мускулатура, психо – физичка релаксација, подобрување на имунитетот, работа на метаболизмот, како и многу други техники и методи за здрав живот.
Според најавите новата програма за здрав живот на студио „Кинезио“ ќе се реализира во 5 групи, кои ќе тренирааат во понеделник, среда и петок пилатес, вторник и четврток се резервирани за „стречинг“ и кардио вежби на васето тело, а сабота ќе биде ден за едукација и релаксација. Местата се ограничени, а повеќе информации заинтересираните можат да добијат од одговорните во студио „Кинезио“.
OhridNews