Владата на Република Македонија ја донесе Уредбата за начинот и поблиските критериуми за доделување на финансиска поддршка на авиокомпании и Програмата за определување средства потребни за финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Република Македонија на домашни и странски авиопревозници за периодот 2019 – 2021 година.

Како што информира министерот Горан Сугарески, програмата ќе отпочне да се применува од 1 Јануари 2019 година, а заклучно со 31 Декември 2021 година.

  • По објавувањето на информацијата во Службен весник, ќе биде формирана Комисија за спроведување на постапката за доделување на финансиска поддршка која ќе го објави новиот Јавен повик за доставување на барање за финансиска поддршка. Јавниот повик ќе биде објавен во домашни и странски јавни гласила, како и  на веб страната на Министерството за транспорт и врски во најбрз можен рок, рече министерот.

Сугарески ги повика сите заинтересирани авиокомпании да се пријават на Јавниот повик. Изрази верување дека ќе се избере авиопревозник кој ќе достави најдобра понуда и ќе ги исполнува критериумите согласно Јавниот повик.

OhridNews