Американската рок група “Red Hot Chili Peppers” соопшти дека на 17 јуни ќе го објави својот нов албум “Getaway” и дека започнаа соработка со нов продуцент пет години после издавањето на последниот албум. Калифорнискиот бенд, фигура на алтернативниот рок на деведесеттите година, веднаш го објави синглот “Dark Necessities” посветен на проблемите со зависноста. Тоа е 11. по ред албум на групата после “I’m With You” од 2011 година. Нов продуцент е Денџер Хаус кој досега соработувал со хип хоп музичари како и на последниот албум „25“ на британската поп пејачка Адел. Познатите Пеперси ќе одржат неколку концерти во САД, Франција, Данска и Велика Британија.

Калифорниските рокери почнаа како панкери, но со тек на време преминуваа на се полесен звук и со мешањето на панкот и алтернативниот рок со фанк басот створија нов стил, фанк панк. Групата беше предводник на фанк рок движењето кон крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите години. Направија чекор подалеку внесувајќи во својата музика елементи на блуз, психоделичен рок и ска музика. До денес имаат продадено повеќе од 50 милиони албуми ширум светот, со освоени голем број награди, а неколку пати се прогласени за најдобар концертен бенд на светот.