Потполно нов албум на Џими Хендрикс, со 12 досега необјавени песни, ќе се најде во продажба на почетокот на наредната година, најавило музичкото списание „НМЕ“.
Албумот со име “People, Hell And Angels”, бил снимен помеѓу 1968 и 1969 година. Целиот опус првобитно требало да се најде на албумот “First Days Of The New Rising Sun” на кој славниот гитарист работел непосредно пред смртта. Новиот албум ќе содржи негови експериментални делници на клавијатури, тапани и гитара.