Експертите на британската компанија „Луксурит“ на оригинален начин го решиле проблемот на бескорисноста на исклучениот телевизор, претворајќи го во огледало кога не работи. Обичниот телевизор служи само кога е уклучен, но кога не работи само зазема простор во домот.
Новитетот им служи на сопствениците и кога е исклучен. Тајната е во тоа што екранот со течни кристали се наоѓа зад специјално огледало, кое при вклучувањето на телевизорот станува провидно. ОСвен тоа телевизорот е претставителен и поради својата димензија од 82 инчи, високата резолуција и својата острина на сликата. Тој сеуште не е пуштен во продажба и не е одредена неговата пазарна цена.