Основачите на хип-хопот се надеваат дека наското во Њујорк ќе отворат музеј посветен на овој музички правец. Како што пренесуваат агенциите, музејот би требало да биде отворен во 2017 години во њујоршкиот кварт Бронкс. Легендарниот Африка Бамбата, пионер во хип-хоп музиката и творец на Електро Фанкот, изјавил дека музејот ќе ги прикаже историските и културните корени на овој музички правец, и доприносот кој на хип-хопот го дале брејк денсерите и диск џокеите.
Бамбата, кој често го нарекуваат татко на хип-хопот, се согласил да биде претседател на музејот. Славниот музичар рекол дека многумина овој музички правец го поистоветуваат со раперите, но и дека зад таа музика стои цела една култура и движење. Хип-хоп култирата се развила на почетокот на седумдесеттите години од минатиот век меѓу Афроамериканците, Јамајканците и Порториканците во Бронкс. Оттогаш се проширила на целиот свет. Нејзини четири главни обележја се рапот, диџеите, графитите и брејкденсот.