Во тек се подготвителните активности за почеток на втората фаза од изградбата на пешачката патека од каналот Студенчишта до хотел „ Парк“. Надлежните служби при општина Охрид веќе  го расчистуваат теренот и ја одбележуваат трасата по која ќе се движи патеката. По завршување  на овие активности  ќе се поставува комплетната инфраструктура потребна за овој дел од патеката.

Во првата фаза од реконструкцијата на патеката  беа опфатени 210 метри. На просторот уредно се одбележани патеките за велосипеди,  ролери и пешачката зона. Просторот е хортикултурно уреден и  автентично осветлен.

OhridNews