Џенифер Лопез ја изгубила судската битка со која се обидела да го запре објавувањето на куќното видео кое го снимила со својот прв сопруг. Поранешниот сопруг на поп кралицата, Охани Ноа, на судскиот процес кој траел со години, успеал да се избори за право на објавување на снимката и планира наскоро тоа и да го стори. Џенифер Лопез со години успевала да го чува филмот во тајност, повикувајќи се на договорот кој го потпишала со Ноа и со кој договор тој се обврзал на дискреција.
Но неговите адвокати на крајот успеале да пронајдат дупка и недоречености во договорот, во кој наводно немало забрана да ја продаде снимката. Лопез и Ноа се венчале 1997 година и се развеле една година подоцна. На снимката насловена “How I Married Jennifer Lopez: The J.Lo and Ojani Noa Story”, имало и некои моменти на кои пејачката воопшто не била горда. Ѕвездата наводно пред камерата позирала скромно облечена и во многу провокативни пози.