Во 2010 година со работа ќе почне Државната Агенција за поддршка и развој на туризмот. Главното седиште на агенцијата ќе биде во Струга, а претставништва ќе има и во Охрид и Скопје.

Со формирањето на Агенцијата, туризмот најпосле ќе го добие заслужениот третман од државата, сметаат туристичките работници. „Ако до сега во туризмот се движевме со 20 на час, сега би требало да се движиме со 100 км на час“, вели Митко Бојаџиевски од ТА „Фрама“ –Скопје, и поранешен раководител на Секторот за развој на туризам при Министерството за економија. Тој смета дека дека со ставање во функција на сите релевантни структури, туризмот ќе биде многу значајна стопанска гранка и ќе работи со полна пареа.

Бојаџиевски вели  дека со формирањето на Агенцијата за поддршка и развој на туризмот, ќе се подигне нивото на презентација на туристичките потенцијали на Македонија на саемите во странство, што до сега се правеше со многу пропусти. Тој очекува агенцијата  да почне кадровски да се екипира во 2009 година, како би можела да започне со работа следната година.

Ohridnews