Брајан Меј, гитаристот на групата „Queen“ открил детали за новиот игран филм, потврдувајќи дека бендот дефинитивно пристигнува на големото платно, а додал и дека Фреди Меркјури, како што и се најавувало, ќе го глуми актерот Саша Барон Коен, ѕвездата на филмовите „Борат“ и „Диктатор“. Филмот премиерата би требало да ја доживее во 2014, а причините за доцнењето и одложувањето се класични продукциски проблеми.

Меј на својата интернет страна напишал дека работите конечно легнале на свое место, а снимањето би требало да започне на пролет, со Саша Барон Коен кој ќе го глуми Фреди. Сценариото за филмот го напишал Питер Морган, номиниран за Оскар благодарение на своето сценариото за ‘Frost/Nixon’.