Тепачката започнала во вецето од кафулето, а откако разгневените момци биле исфрлени од кафулето продолжиле да се тепаат и надвор. При обид да ја прекине тепачката, припадник на охридската полиција бил нападнат од страна на две лица.
Истите со употреба на сила биле совладани и приведени во охридската полиција.