Уште едно од низата истражувања поврзани со влијанието на насилните игри покажува дека истите кај младите луѓе предизвикуваат забрзано работење на срцето дури и после играњето.

Шведските експерти во унивезитетот во Стокхолм ги објавиле најновите резултати од истражувањата поврзани со насилни игри. Деца на возраст од 12-15 години биле поделени на две групи и играле различни игри во вечерните часови.


Првата група играла насилни игри, а другата група игри во кои нема насилство. Експертите покрај другите параметри, го бележеле и работењето на срцето во текот на играњето и по него, па во втората група немало промени ниту за време на играта ниту по неа.

Но, во првата група е забележано нерамномерно работење на срцето кое продолжило и по играњето, и за време на спиењето.