Фатлум Жута не успеа да ја помине прелиминарната рунда, каде со 15-2 беше совладан од Норвежанецот Глид Енесте.
Најдобриот македонски боксер Мумин Вели се пласира во четврт-финалето на ЕП во Ливерпул, откако на стартот од борбите во категоријата до 51 кг славеше со 8:2 против Салим Салимов од Бугарија.
Наредна пречка в среда ќе му биде Полјакот Рафал Качор.
Победникот од мечот Мумин – Качор со самиот пласман во полуфиналето ќе обезбеди најмалку бронзен медал.