Односот на Боксeрската Федерација на Македонија, која за едни е мајка за други маќеа е причината за непатувањето на Наси Хани во Атина на квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри во Пекинг.
– Јас не сум Рамбо, сам да правам се – вели за оhridnews Наси Хани. Агецијата за Спорт и млади му обезбеди на Вели Мумин подготовки во Бугарија, додека мене ме остави сам како знам и умеам да се снајдувам.
Челните луѓе на Федерацијата се вистинското зло на боксот во Македонија и што побргу треба да си заминат смета Наси. За него пропуштен е последниот воз за Пекинг, но тој не се откажува од својата кариера.
– Имам неколку понуди од кампови од Хрватска да преминам во професионални боксери. Мене ми е многу жал за боксерите во Македонија кои работат во вакви неподосливи услови -завршува Наси