Сопственикот на слаткарница од Шпанија, Хосе Мартинез ги броел парите од прометот кога случајно видел паричка од едно евро со лик, ќелава глава, огромни очи и нос како легендарниот Хомер Симпсон, наместо ликот на кралот Хуан Карлос.
– Импресивна е! Изгледа ја направил професионалец – рекол слаткарот.
Уметникот не ја чепнал другата страна на паричката на која е мапата на Европа. Ова е единствен примерок на паричка на која се наоѓа ликот на јунакот од серијата „Симпсонови“ кој е најден во оптек.
– Веќе ми понудија 20 евра за него, додал Хосе.