Синиша Дабиќ, вработен на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, Србија, е човекот за чие дело и чесност зборува цел регион.
Имено, тој минатата сабота додека бил на работа забележал на количка за багаж заборавена торба и паричник во кои имало 40 000 евра. Синиша парите му ги вратил на сопственикот, инаку Србин на привремена работа во Норвешка.
Во знак на благодарност пресреќниот човек кому му биле вратени парите, по големо убедување и инсистирање, му дал 50 евра на чесниот пронаоѓач, со кои тој ги почастил колегите, пренесуваат медиумите во Србија.
OhridNews