Откако излегол од една антикварница во Американскиот град Сиракуза, Дејвид Џенкс нашол на улица кеса за ѓубре во која имало 200 илјади долари. Тој тргнал дома со својот автомобил кога ја здогледал кесата која ја подигнал за да ја фрли во контејнер.


Тогаш видел дека кесата не е празна и кога ја отворил се шокирал. Никогаш во животот не видел толку пари на едно место. Не знаел дали е уплашен или шокиран. Веднаш се вратил во антикварницата и повикал полиција. Кесата била од една компанија која превезувала пари до банката.