Гледајќи слики од потенцијални партнери на интернет, 46-годишната Џули и се допаднала сликата на Ален Донели, незнаејќи дека се оддалечени само две куќи во истата улица. Му испратила порака и Алан веднаш одговорил. По три месеци допишување дознала дека живее во Кардиф, исто како и таа. По телефонскиот разговор, двајцата биле шокирани кога дознале дека живеат на истата улица, и дека всушност се соседи.



– Неверојатна е случајноста дека преку интернет најдов љубов која е оддалечена само две куќи од мојата. Агенцијата можеше да ме спои со било кого од светот, а ме спои со сосед – рекла Џули.

Почнале да излегуваат и по посетата на Тајланд, Камбоџа и Мароко, одлучиле да направат свршувачка. Среќниот пар планира свадба наредната година.

-Работите се одвиваа навистина брзо, се испадна совршено и не можам да бидам посреќен. Ја најдов љубовта на мојот живот. Која е шансата да најдам толку совршена жена, а да живее во иста улица – се прашува Алан.