Кутијата со бисквити која Дебра Рогоф ја купила во една продавница, наместо бисквити содржела плико со 10.000 долари.
„Помисливме дека тоа се нечии пари. Никогаш не ќе се чувствувавме добро ако почневме да ги трошиме парите“ – изјавила Дебра.
Нејзиното семејство, наместо да ги потроши парите, кутијата ја предало во полиција. Неколку дена подоцна, во полицијата се јавиле шефовите од продавницата и рекеле дека дошла вознемирена старица, која по грешка во продавницата ја вратила кутијата со својата заштеда.
Таа наводно ја изгубила довербата во банките, па помислила дека нејзината заштеда ќе биде побезбедна во кутијата од бисквити.