Самбат Уон е шестгодишно момче кое не оди на спиење без својот љубимец по име Лаки. И можеби тука ништо не би било чудно доколку Лаки не е питон долг шест метри.
„Го сакам питонот како да ми е сестра. Сите другарчиња ми завидуваат на мојот куќен љубимец“ вели Самбат.
Лаки имал само педесетина сантиметри кога првпат доползел во камбоџанското село во кое живее Самбат, кој во тоа време имал само три месеци.
Неговите родители три пати змијата ја носеле во шумата но таа секој пат се враќала назад. „Ја пронајдовме како спие до Самбат. Тие двајцата веќе шест години секоја ноќ спијат заедно“ вели Ким Канара, мајка на момчето. „Лаки е сега рамноправен член на семејството. Со нас живее, го храниме, дури и се молиме за него“ раскажува мајката.
Ј.М.