Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски постигна голем успех на Балканското првенство во полумаратон кое денеска се одржа во Тирана, освојувајќи го златниот медал.
Ивановски до титулата балкански првак дојде со нов македонски рекорд, истрчувајќи ја полумаратонската трка со време 01:04:65 секунди.
По дождливо време меѓу учесниците од 22 држави, свој настап на трката во Тирана имаше и вториот македонски полумаратонец Атанас Анчевски.
OhridNews