Во „Комбанк“ арената во Белград, Србија, вечерва ќе се одржи финалето на регионалното музичко шоу „X-Factor“, во кое ќе настапи македонскиот претставник и миленик на пошироката публика на Балканот Даниел Кајмакоски. Во финалето уште се најдоа и популарните Доктори, Лукијан Ивановиќ, Маид Хаќимовиќ и Тамара Милановиќ. Победникот на шоуто го бира публиката.

Во ексклузивно интервју за OhridNews, дадено неодамна во Белград, Даниел изрази голема благодарност до македонската публика, која се очекува и вечерва да му ја даде неопходната поддршка.

30-годишниот Даниел по потекло е од Струшко. Живее и работи во Виена, Австрија и сонува да стане успешен музичар. 

OhridNews