На американскиот натпревар во рибарење каде се лови калифорниска пастрмка што традиционално се одржува секоја година на реката Манести, Мичиген, која се смета за една од најдобрите реки за риболов во Северна Америка, 33-годишниот Македонец Владимир Јовановски, кој влече охридски корени, го освои првото место, пишува „Нова Македонија“ во изданието објавено деновиве. Во конкуренција од 186 натпреварувачи од сите сојузни држави на САД Владимир се покажал како највешт и покрај тоа што бил единствен кој не бил Американец.

Натпреварувањето се одржа на трети месецов, период кој вообичаено е време кога лососот доаѓа да се мрести во овие реки а по него и калифорниската пастрамка која се храни од икрите кои ги испушта лососот.
 
– Ова риба не е речна риба ,таа доаѓа од Големите езера секоја есен заедно со лосост бидејќи се храни со икрата на лосост и така добива добра тежина а се мрести дури на пролет кога доаѓа поголема група на женки риби од Езерото Мичиген. Обично мрестот почнува на почеток на март, и секако е голем предизвик за нас рибарите. Овој месец пак е дозволен риболовот и е магнет за љубителите на овој спорт-хоби. Се  користеше секаква техника а јас лично користев трска од пет метри на бели ларви. Првата и најголема риба ја фатив по четвртото фрланње околу 3.45 часот утрото. Борбата со неа беше околу 6 – 7 минути по што ја сместив на сигурно. По овој улов се до 3 часот попладне извадив уште 5 други риби но беа помали, од 100 грама до половина. Со вкупниот улов го освоив првото место – вели Владимир за „Нова Македонија“.
   
Иако американците со кои се натпреварувал биле многу добро опремени а имале и повеќе искуство сепак среќата повеќе го послужила нашиот Владимир, ако смее да се спомене среќа кога е рибарењето во прашање.
 
– Роден сум во Тетово а рибарам од мојата 4 година затоа што мојата мајка е од Охрид. Таму секое лето по цело време бев на езерото каде го усовршував риболовењето. Но, најголемата вештина за ловење речна пастрмка, на Вардар и Радика, ја научив од мојот, сега веќе починат татко, Драганче Јовановски и овој трофеј го посветувам токму него и го освоив во негова чест – додава Јовановски.

Тој ќе продолжи и понатаму да се натпреварува во американските рибиловни натпреварувања при тоа претставувајќи се себе си но и нашата држава како добри познавачи на риболовот и љубовта кон природата, пишува „Нова Македонија“.

OhridNews