Мунир Шемси кој е по потекло од дебарскиот крај, општина Центар Жупа, а во моментов живее и е успешен бизнисмен во Република Италија, донираше 30.000 евра за набавка на заштитка опрема за полициските службеници.

Благодарност за донацијата упати министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, кој остварил видео разговор со Шемси.

Донацијата доаѓа во исклучително важно време за сите нас и иницијативата за истата потекнува токму од господинот Шемси што дополнително дава важност на овој исклучително голем гест направен од негова страна. Тој истакна дека за него преставува задоволство што во вакви моменти има можност да донира на сопствената татковина и за својот народ и нагласи дека во иднина стои на располагање за помош и поддршка на институциите во нашата земја. – објави на Фејсбук министерот Чулев.

OhridNews