Денеска во Струмица и Турново започнува квалификациониот турнир од групата 1 за пласман во првото коло од Лигата на Шампионите. Македонскиот шампион, Наше Такси ги пречекува екипите на Јанг Бојс од Швајцарија, ПАОК од Грција и Голиадор од Молдавија.


Натпреварите се играат на стадионите Младост во Струмица и Кукуш во Турново, сите средби започнуваат од 17.00 часот.

Четврток 11.08.2011
Наше Такси – Јанг Бојс (Турново)
ПАОК – Голиадор (Струмица)

Сабота 13.08.2011
Наше Такси – ПАОК (Струмица)
Голиадор – Јанг Бојс (Турново)

Вторник 16.08.2011
Наше Такси – Голиадор (Турново)
Јанг Бојс – ПАОК (Струмица)
 

Ohridnews