Месецот на виното и љубовта секогаш буди прекрасни чувства. А тие се комплетни само ако уживаат сите сетила. Креативниот тим на туристичкиот комплекс „Минами“ го трансформираше познатото туристичко место на планината Галичица во романтична дестинација со преубави украсни детали и декорации кои емотивно освојуваат и инспирираат.

Далеку од градската врева и монотоното секојдневие, опкружен со природни убавини и незаборавен поглед  на Охридското Езеро, комплексот „Минами“ овој февруари нуди уникатно уживање за сите кои ги слават љубовта и виното.

На некои токму тука им започнал заедничкиот живот, а за тие кои можеби сега ќе се одлучат на таков чекор, имаме изненадување. – порачуваат од комплексот „Минами“.

Месецот на виното и љубовта е идеална можност да избегаме од секојдневието и да им се препуштиме на чувствата, во романтичниот амбиент на Комплекс „Минами“.

OhridNews